Промени тема
Контакт

Чавков осуден на 18 години затвор за „27 април“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
presuda-27-1

Ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, кој на критичниот 27 април ја имаше златната команда, е осуден  на 18 години затвор. Тој се товари дека не делувал навремено, односно доцна дал наредба за делување на полицијата.

— реклама —
— реклама —

Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност и раководителот на Оперативниот штаб на МВР, за време на организираниот напад на Собранието на 27 април додека траеле насилствата бил на само стотина метри од Собранието. Поранешниот директор на БЈБ и шеф на оперативниот штаб на МВР, Митко Чавков, изјави дека тој лично раководел со операцијата за извлекување на пратениците и враќање на контрола во Собранието. Тој го оспори обвинителниот акт против него тврдејќи дека телефонски комуницирал со потчинетите кои ја координирале интервенцијата и дека на негово барање во Собранието биле испратени два вода од Единицата за брзо распоредување а потоа и вод на единицата ПЕП и тим од специјалната единица „Тигар“. Чавков го посочи обвинетиот Пешов како лице со кое бил во контакт и не даде објаснување зошто не одговарал на повиците на тогашниот министер Нухиу. Во своето излагање тој нагласи дека ја издал наредбата за употреба на физичка сила и шок бомби и изрази како што кажа жалење за неуспешноста на одговорот во моментот на влез на толпата во Собранието и „пасивноста и збунетоста на терен“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања