Ноќен клуб од Стумица преку социјалните мрежи информираше дека српската пејачка Цеца вечерва нема да настапи. Како што се вели во објавата, пејачката поради позитивен тест на ковид го откажала настапот.
Моменталната ситуација и зголемувањето на новозаразени од Ковид 19 за жал овој пат не ја одмина и мегапопуларната балканска звезда Цеца Ражнатовиќ, која требаше да настапи вечерва во Клуб Аватар.
На наша и ваша несреќа поради потврда на позитивен Ковид тест, Цеца вечерва нема да биде во можност да го одржи долгоочекуваниот настап, а за забавата да продолжи вечерва ќе биде задолжена Бани.
Сите оние кои веќе имаат набавено влезници во претпродажба , ќе можат да ги вратат влезниците вечерва на врата во Клуб Аватар