Цеца Ражнатовиќ, во последното интервју истакна дека жената не мора да знае да готви.
Како што објасни таа, верува дека денес секој може да се ожени, но дека е успех да се одржи бракот, а тоа не се постигнува со часови во кујна.
- Сакам да мирисам на добар парфем, а не на запршка. Тоа што жената знае добро да завитка сарма и да зготви грав, не ги дефинира женските квалитети. Денеска секој може да стапи во брак, но важно е да се негува и одржува тој брак, а тоа секако не се прави со пржено месо и мрсна супа - изјави Цеца.
-Мајка ми инсистираше јас и Лидија да научиме се, но сега би излажала ако кажам дека го правам тоа. Не уживам, ниту ме интересира. Ако морам, секако дека би го правела тоа, ама едноставно имам избор – изјави таа.