Целта на ВМРО-ДПМНЕ е поразлична - да има повеќе за сите граѓани, а помалку за корумпираната влада на СДСМ-ДУИ, вели Митева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Miteva-02.12

„СДСМ да се грижеше вистински за граѓаните и економијата, државата немаше да се соочува со економска и енергетска криза. Инфлацијата во државата се повеќе расте, а граѓаните едвај крај со крај врзуваат“, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Таа додава:

— реклама —

Секогаш кога СДСМ е на власт државата се соочува со економски колапс, затворени фабрики, пропаднати бизниси и криминални афери. Граѓаните секојдневно сведочат на расипничко и недомаќинско работење од страна на Владата на СДСМ – ДУИ.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во Македонија е за секоја мерка што ќе значи зачувување на стандардот на граѓаните. Но, имајќи ја во предвид целокупната ситуацијата односно дека инфлацијата расте, растат трошоците за живот, за прехранбени производи, растат цените на енергенсите како електричната енергија, гасот, горивата. Меѓутоа од иста страна компаниите исто така се погодени од ценовниот шок, растат и останатите трошоци за производство и цените за останатите репро материјали и суровини.

Од друга страна, придвижувањата на глобално ниво се исто така показател кој предвидува дополнителен ценовен шок односно имаме застој на испорака, зголемени транспортни трошоци, а на сето ова придонесува и пандемијата од Ковид19 која предвидува дополнителни трошоци.

Почитувани граѓани,

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ќе биде согласна за компромисот кој го постигнаа работодавачите и синдикатот, но во исто време пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман на Законот за минимална плата, во кој што ќе побараме и останатите плати во јавниот сектор да растат согласно растот на минималната плата.

Од таа причина очекуваме власта веднаш да направи ребаланс на буџетот со кој ќе се зголемат и дотациите на општините од страна на Владата за целосно да се почитуваат правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата. Преку амандманската интервенција на Законот ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места кога ќе се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата.

Целта на ВМРО-ДПМНЕ е поразлична - Да има повеќе за сите граѓани, а помалку за корумпираната Влада на СДСМ и ДУИ!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања