Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Цената на струјата поскапува за нови 15 проценти, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
MickoskiSkopjeinfo

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го коментира поскапувањето на електричната енергија, кое денеска го објави Регулаторната комисија за енергетика. Според Мицкоски, состојбата ќе биде хаотична и освен покачувањето на струјата, се укинува и евтината тарифа во текот на денот.

— реклама —

„Според она што го слушаме од Владата, ќе се укинува евтината тарифа преку ден, едно од изборните ветувања на власта од изборите во 2017 година, кое ќе ја зголеми цената на електричната енергија за 5 до 7 %. Дополнително, најавуваат поскапување од 9,5 до 10 %, што би значело некаде 15-ина проценти во нето-вредност би требало да се покачи електричната енергија“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој изрази стравување за финансиската состојба на енергетските компании, кои најавуваат банкрот.

— реклама —

„Дополнително, компаниите што на слободниот пазар набавуваат електрична енергија плаќаат 4 пати поскапо, а Владата нема слух за помош кон нив, така што има една тотално хаотична ситуација“, дополни Мицкоски.

— реклама —

Тој потсети дека кога ВМРО-ДПМНЕ пред неколку години протестирало за цената на струјата, биле исмејувани, но сега се видело дека не било ниту за исмејување ниту за навредување, бидејќи денес се удира, како што рече, директно по џебот и стандардот на граѓаните во пресрет на празниците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања