Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Цените на Јадранот повторно тема: Аперол 6 евра, а неколку метри подалеку 11 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-libraryoaihe0u3032ebQkbJ8q
фото: unsplash

Цените на хрватското приморје повторно станаа тема на жестока дебата на социјалните мрежи, откако корисник на платформата Икс (X), ги сподели своите впечатоци од летувањето во Хрватска.

Во својата објава, корисникот W3nzel.eth истакна дека најмногу не го изненадиле високите цени, туку огромните разлики во ценовниците на угостителските објекти кои се наоѓаат на само неколку метри еден од друг.

Тој наведе дека има повеќе од 15 милиони прегледи на своите рецензии на Google Maps, што, според него, му дава доволно искуство за проценка на ресторанските понуди.

„Цените се различни насекаде“, напиша тој.

— реклама —

Како пример посочил кафуле во помал хрватски град, каде капучино чинело 2,50 евра, што го оценил како прифатлива цена. Но, flat white кафе со двојно еспресо во истиот локал чинело 5,40 евра, што според него е поскапо отколку во Германија.

Слично искуство имал и со храната. Во еден италијански ресторан пиците чинеле меѓу 9 и 15 евра, а бургерите околу 15 евра, што го сметал за вообичаено за туристичка дестинација. Но, во локал веднаш спроти него, кој изгледал речиси идентично, бургер со сланина се продавал за дури 25 евра.

„Што?“, напишал тој во својата објава, нагласувајќи дека не го шокира самата цена, туку големата разлика меѓу два навидум слични ресторани.

— реклама —

Особено внимание привлекле и цените на пијалаците на плажа. Според неговите наводи, коктел Aperol Spritz на едно место чинел 6 евра, додека само неколку десетици метри подалеку достигнувал цена од 11 евра.

Тој ја споменал и цената на сладоледот, наведувајќи дека една топка се продава по цена од 3 до 4 евра, прашувајќи се зошто има толку големи разлики во исто туристичко место.

— реклама —

Објавата се вклопи во пошироката дебата која секоја туристичка сезона се води за цените на Јадранот. Туристички центри како Дубровник често се наведуваат како пример за драстични разлики во цените во зависност од локацијата, сезоната и типот на угостителскиот објект.

Според туристичките водичи, во старите градски јадра цените на главните јадења во ресторани од средна категорија можат да се движат од 18 до 30 евра, без пијалаци и додатоци.

Сепак, најмногу реакции предизвика токму непредвидливоста на цените, бидејќи многумина сметаат дека проблемот не е само колку чини услугата, туку и тоа што туристите тешко можат однапред да проценат колкава сметка ќе добијат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

Експлозија во куќа во Пула: Жена тешко повредена, пренесена со хеликоптер

Балкан | пред 4 часа

brza-pomos-hrvatska

Не ја прилагодил брзината, излетал од патот и загинал 24-годишен мотоциклист на лице место во Хрватска

Балкан | пред 7 часа

Hrvatska-policija-620x350

Пронајдено безживотно тело на 44-годишен маж покрај река во Хрватска

Балкан | пред 23 часа

media-library50e40d2b4pqh6oOZoUQ

Хрватите го избраа најдепресивниот град во земјата: „Како да сте во Советскиот Сојуз“

Магазин | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања