„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Цените на нафтата паднаа за повеќе од 3 отсто минатата недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

На светските пазари минатата недела цената на нафтата падна за повеќе од 3 отсто, бидејќи трговците се загрижени поради забавувањето на економскиот раст, а со тоа и побарувачката на „црното злато“, додека цените се поддржани од тензиите на Блискиот Исток.

— реклама —

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела се лизна за 3,5 отсто, на 87,29 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за нешто повеќе од 3 отсто, на 83,14 долари. Цените се под притисок поради бавниот раст на најголемите светски економии, поради што слабее и побарувачката на нафта.

Аналитичарите на JP Morgan минатата недела објавија дека светската потрошувачка на нафта од почетокот на април била за 200.000 барели дневно послаба од очекуваното.

— реклама —

Во петокот наутро цените на нафтата нагло пораснаа, по веста за експлозии во близина на иранскиот град Исфахан, што беше одговор на Израел на неодамнешниот напад со иранско беспилотно летало врз Израел.

Трговците стравуваа од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, но кога стана јасно дека ова е само ограничен одговор на Израел на претходниот напад, цената на нафтата повторно падна.

Во такви услови, инвеститорите ја намалија премијата за геополитички ризик во цената на нафтата.

„Почетниот скок на цените на нафтата можеби ги нагласи првичните стравувања од понатамошна ескалација, но видовме дека пазарите на капитал и нафта го сменија курсот по тие прелиминарни потези“, рече Џошуа Махони од Scope Markets.

Главно поради геополитичките тензии на Блискиот Исток, од почетокот на годинава цената на нафтата на лондонскиот пазар е зголемена за повеќе од 13 отсто, а на американскиот пазар за околу 16 отсто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања