Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Цените на нафтата во пад поради преговорите меѓу САД и Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
nafta-696x465-1

Цените на нафтата забележаа пад на светските пазари, бидејќи инвеститорите внимателно го следат напредокот на индиректните преговори меѓу САД и Иран, како и најновите податоци за залихите на нафта во Соединетите Американски Држави.

— реклама —

На лондонската берза „Ај-Си-И Фјучерс“, септемвриските договори за испорака на суровата нафта „Брент“ поевтинија за 1,47 долари, односно за 2,02 проценти, и достигнаа цена од 71,48 долари за барел.

— реклама —

Во исто време, августовските договори за американската сурова нафта „Вест Тексас интермидиет“ (ВТИ) на берзата „Најмекс“ се намалија за 1,04 долари, или 1,5 проценти, па со нив се тргуваше по цена од 68,46 долари за барел.

Дополнителен притисок врз пазарот создадоа и најновите податоци од американската Администрација за енергетски информации, според кои стратешките резерви на нафта во САД се намалиле за 5,536 милиони барели и достигнале 325,655 милиони барели, што е најниско ниво од мај 1983 година.

— реклама —

Во неделниот извештај се наведува и дека комерцијалните залихи на сурова нафта во САД минатата недела се намалиле за 3,78 милиони барели.

— реклама —

Истовремено, залихите на бензин се намалиле за 2,33 милиони барели, додека залихите на дестилати се зголемиле за 2,48 милиони барели. Овие податоци се разликуваат од очекувањата на аналитичарите, кои прогнозираа помал пад на резервите на бензин и намалување на залихите на дестилати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nafta

Нафтата со најголем неделен пад од 2020 година, „брент“ се спушти под 91 долар

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Цените на нафтата се намалија по стравувањата од ескалација на Блискиот Исток

Свет | пред 1 седмица

evra

Скапата нафта и храната ја најавуваат 2027 како уште една година на високи трошоци за живот

Свет | пред 1 седмица

nafta-mazut

Нафтата поевтини: „Брент“ падна под 115 долари за барел

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања