Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Цените на поморскиот транспорт скокнаа за 76 отсто поради кризата на Блискиот Исток

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl
фото: unsplash

Цените на поморскиот транспорт нагло пораснаа од почетокот на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, додека сообраќајот низ Ормутскиот теснец и натаму е значително намален поради безбедносните ризици во регионот.

— реклама —

Според податоците на аналитичката компанија „Друри“, глобалниот индекс за транспорт на контејнери пораснал за околу 76 проценти од крајот на февруари до почетокот на јуни. Во истиот период, трговскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец се намалил за околу 90 проценти во споредба со вообичаеното ниво.

— реклама —

Покрај безбедносните ризици, врз растот на цените влијаат и поскапувањето на бродското гориво, пренасочувањето на пловните рути и зголемената побарувачка за транспорт. Дел од бродските компании избегнуваат да пловат низ кризното подрачје, што ги продолжува роковите за испорака и ги зголемува трошоците.

— реклама —

Најголем раст е забележан на линиите меѓу Азија и САД, каде што цените на транспортот речиси се удвоиле. Значително поскапување има и на рутите кон Европа, при што транспортот од Шангај до Ротердам е повисок за повеќе од 70 проценти.

Аналитичарите предупредуваат дека, доколку тензиите продолжат, цените на поморскиот превоз би можеле дополнително да растат во наредниот период, со директно влијание врз глобалната трговија и крајните цени на производите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 19 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 1 ден

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања