„За првпат во Центар ќе формираме центар за ментално здравје со дневен претстој за деца со попреченост, аутизам, Даунов синдром и друго. Во центарот ќе се вработат дефектолози, педагози, психијатри и негователи“, вети кандидатката за градоначалничка на Ценар, Наташа Котлар Трајкова од ВМРО-ДПМНЕ.
„Целта е децата да напредуваат и да се интегрираат во општеството. Ќе изградиме четири нови градинки со опфат од околу 600-тини деца и тоа во Пролет, Маџир маало, Дебар маало и Капиштец. Ќе организираме и зелено училиште за учење во природа. Се грижиме за најмладите! За Центар со душа!“, додава таа.