„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Ченто и Игор Југ до Вељаноски: Политичарите се најголеми виновници за 27 април, да не се отвореа вратите народот немаше да влезе во Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

igor-jug

Во вкрстеното испрашување по сведочењето на поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски, дел од обвинетите кои се се уште во притвор му поставија прашања посочувајќи ја одговорноста на политичките елити за насилниот упад во Собранието, објави Фокус.

— реклама —

-Дали ќе се согласите со мене дека најголеми виновници за она што се случи се политичките елити бидејќи не дозволија да преовлада разумот за мирна транзиција на власта и затоа што некој калкулираше за да си ја зачува удобната фотелја и функција? – го праша Вељаноски обвинетиот Јане Ченто.

Вељаноски на тоа рече дека е правник, но дека во судот е како сведок и го праша Ченто од која позиција да му одговори. На тоа интервенираше судијката Кацарска која рече дека треба да одговори како сведок. Ченто го праша Вељаноски и дали народот ќе влезеше во Собранието да не беа отворени вратите, на што Вељаноски рече:

— реклама —

-Собранието е од прв степен на заштита, за него се грижи МВР и сите вработени од обезбедувањето се вработени во МВР – рече тој накусо. Потоа прашања му поставуваше обвинетиот Игор Југ, кој го праша Вељаноски дали се согласува со него дека оние, како што рече, кои скапуваат сега во затвор се кукли со кои си играат политичарите.

-Политичарите си ја играат политиката, водат политика. Јавноста и народот на избори кажуваат што направиле политичарите и дали ја заслужуваат нивната доверба – одговори тој. Југ потоа го праша: Дали може да заклучиме дека секој си ги извади своите, а во притвор останавме само ние жртвените јагниња? Но судот го усвои приговорот на одбраната за ова прашање, по што Вељаноски не одговори на прашањето. Прашање му постави и обвинетиот Горан Ангеловски Ќосето, кој го праша дали ќе се согласи со него дека Талат Џафери бил нелегитимно избран за претседател, на што Вељаноски се сложи.

-На 27 април во 18.00 часот ја прекинав седницата и во договор со претставниците на политичките партии се согласивме седницата да продолжи следниот ден во 11.00 часот. Се што се случувало понатаму е надвор од деловникот – рече тој.

Извор:Фокус.мк

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања