Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Четири години затвор за Мухсин Арифи во случајот „Геријатрија“, неговиот соработник осуден на една година и десет месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryp01poq044nnf3Oi7Ruh

Основниот кривичен суд Скопје го осуди поранешниот директор на Клиниката за геријатрија, Мухсин Арифи, на четири години затвор за кривичното дело примање мито, додека неговиот соработник Блерим Амети беше осуден на една година и десет месеци затвор. Судот при одмерувањето на казната ги ценеше тежината и начинот на извршување на делото, како и времето што обвинетите го поминале во притвор.

— реклама —

Според обвинението, Арифи побарал имотна корист за да овозможи хоспитализација на лице во тешка здравствена состојба, иако тоа било негова службена должност како директор на здравствената установа. Амети, кој го познавал сведокот, се понудил да посредува и бил уапсен на лице место при примање 20 илјади евра, дел од сумата наменета за Арифи. Двајцата обвинети во текот на целата судска постапка ја негираа вината.

Бранителот на обвинетите, адвокатот Скендер Мехмеди, изрази незадоволство од пресудата и најави жалба до Апелациониот суд Скопје. Тој оцени дека изречените казни се превисоки и дека судот не го ценел доволно однесувањето на обвинетите, особено во делот на одлуката за притвор, посочувајќи дека можело да бидат изречени поблаги мерки за обезбедување.

— реклама —

Мехмеди додаде дека детални коментари ќе даде откако ќе ја добие писмената пресуда, особено во однос на оценката на судот дека делото било извршено на дрзок начин.

Од друга страна, обвинителката Искра Хаџи-Василева, која го застапуваше обвинението, изјави дека Обвинителството е задоволно од исходот на постапката и од тоа што судот ги прифатил нивните аргументи и ја утврдил вината на обвинетите. Таа посочи дека во однос на висината на казните, Обвинителството ќе го почека писменото образложение на пресудата, по што ќе одлучи дали ќе поднесе жалба.

Судијката Ленка Давиткова, при образложувањето на пресудата истакна дека судот ги земал предвид сите околности релевантни за индивидуализација на казната. Како отежнувачки околности биле ценети видот, карактерот и тежината на кривичното дело, начинот и условите под кои е извршено, организираноста и упорноста на обвинетите, како и фактот дека делото било сторено со цел стекнување материјална корист, искористувајќи тешка здравствена и социјална состојба на оштетеното лице.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2023-09-22-at-08.21.48

Почна судењето за „Геријатрија“ – обвинетите го отфрлаат обвинението за мито

Скопје | пред 4 месеци

ojo-gokk

Обвинение за директорот на Геријатрија за поткуп од 20.000 евра – фатени на лице место со примачот на парите

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-04-08-at-12.59.59

Директорот на Геријатрија доби притвор откако барал 100.000 евра за да смести пациент

Македонија | пред 9 месеци

arifi-janev

Земал мито од 20.000 евра за да смести болен и неподвижен пациент во геријатрија, откри директорот на БЈБ за уапсениот Арифи

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања