Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Четири компании доставија понуди за набавката на 150 електрични автобуси“, вели Николоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarycaphbahapvdde48wr5h

Министерот за транспорт Александар Николоски соопшти дека четири компании доставиле понуди на повторениот јавен повик за набавка на електрични автобуси, кои ќе бидат наменети за јавниот превоз во Скопје и во другите градови низ државата.

— реклама —

Тој најави дека извештајот од евалуациската комисија треба да го добие во понеделник, по што ќе бидат објавени сите детали за пристигнатите понуди.

— реклама —

„Информацијата што ја добив утрово е дека во понеделник ќе ми биде доставен извештајот. На тендерот се пријавиле четири компании и тогаш транспарентно ќе ја информираме јавноста за резултатите од евалуацијата. Очекувам овој пат постапката успешно да заврши и да се реализира набавката на автобусите. Верувам дека компаниите ги земаа предвид забелешките од претходниот повик и подготвија поквалитетна документација“, изјави Николоски при посетата на Општина Кисела Вода.

Тендерската постапка беше затворена во понеделникот, а пристигнатите понуди моментално ги разгледува комисија составена од претставници на Министерството за транспорт и експерти од Машинскиот факултет.

— реклама —

Повикот беше повторно распишан откако претходната постапка за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за нивно полнење беше поништена.

Со проектот е предвидена набавка на вкупно 150 електрични автобуси, од кои 100 ќе бидат наменети за јавниот превоз во Скопје, а останатите 50 ќе бидат распределени во други градови во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 3 дена

media-library8thkvmljromv2hF1Xlo

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања