Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе четири кривични пријави против четири сторители Р.А.(48) од Скопје, И.Б.(50) и Ф.Т.(35), двајцата од Прилеп и Ј.А.(46) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторени осум кривични дела „фалсификување на исправа“ и „непостапување според здравствени прописи на време на епидемија“. Во периодот од 22.02.2021 до 26.02.2021 година, на Граничниот премин „Деве Баир“, пријавените приложиле фалсификувани ПЦР тестови.
Четири лица фатени со фалсификат ПЦР тест
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 години -
Македонија