Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Четири лица починаа од западнонилска треска во Грција, потврдени 47 случаи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
komarec

Во Грција од почетокот на годинава четири лица починале од западнонилска треска, а здравствените власти досега потврдиле 47 случаи на заболувањето што се пренесува преку убод од заразен комарец.

— реклама —

Според Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), сите починати биле постари од 65 години, што уште еднаш покажува дека вирусот претставува најголем ризик за повозрасните лица и за оние со хронични заболувања.

— реклама —

Од вкупно 47 заразени, кај 34 пациенти се развиле тешки невролошки компликации, меѓу кои енцефалитис, менингитис и акутна флацидна парализа. Кај останатите 13 лица болеста се манифестирала со полесни или умерени симптоми.

Случаи на западнонилска треска се регистрирани во повеќе региони низ Грција, особено во руралните и земјоделските подрачја каде што има поголема концентрација на комарци. Надлежните служби веќе спроведуваат засилени активности за дезинсекција и запрашување.

— реклама —

Здравствените власти ги повикуваат граѓаните и туристите да користат средства против комарци, да носат облека со долги ракави и да избегнуваат престој на отворено во самрак и рано наутро, кога комарците се најактивни.

— реклама —

Со оглед на тоа што Грција е една од најпосетуваните туристички дестинации за македонските граѓани, експертите препорачуваат зголемена претпазливост. Тие потсетуваат дека вирусот не се пренесува од човек на човек, туку исклучиво преку убод од инфициран комарец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 10 часа

— реклама —
trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 2 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 2 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања