Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Четири маркети фатени во „картелска игра“ – КЗК ги казни и нив и Сојузот на стопански комори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
market

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) изрече прекршочни казни за четири компании што се занимаваат со малопродажба на храна, како и за Сојузот на стопански комори, поради утврдено учество во забранет договор и усогласено делување на пазарот.

— реклама —

Според наодите на Комисијата, овие субјекти се согласиле заеднички да ги одбиваат новите или зголемените ценовници што ги доставувале нивните добавувачи, што претставува директно нарушување на принципите на слободна конкуренција.

— реклама —

Секој од четирите маркети добил казна во износ од 3.075.000 денари, додека Сојузот на стопанските комори, кој имал улога на координатор во процесот, ќе треба да плати 1.143.000 денари.

— реклама —

Од КЗК објаснуваат дека на состанокот од 5 февруари 2025 година учесниците донеле заедничка одлука да не ги прифаќаат новите ценовни листи од производителите и дистрибутерите. На тој начин, како што наведуваат, наместо секој трговец независно да ја утврдува својата политика, била воспоставена практична координација, што претставува т.н. „by object“ ограничување на конкуренцијата — форма на повреда која е забранета сама по себе, без потреба од дополнително докажување на последиците врз пазарот.

— реклама —

Комисијата потсетува дека ваквите договори сериозно ја загрозуваат конкуренцијата и нанесуваат штета на потрошувачите, кои на крај се соочуваат со ограничен избор и потенцијално повисоки цени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryk6quetih0ajie91knYD

Од 10 до 20 мај инспекции во маркетите – ако се утврдат повисоки маржи, ќе следуваат мерки

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
market-pari

Маржите се укинуваат, можни поскапувања во маркетите тропаат на врата

Македонија | пред 1 година

market-pari

Маркетите и аптеките од петок мораат да ги објавуваат цените онлајн

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Четири маркети си се договарале за колку да зголемуваат и намалуваат цени на производи, поведена постапка

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања