Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Четири мигранти пронајдени мртви, две лица во тешка состојба во Хрватска - биле превезувани во нехумани услови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
Hrvatska-policija-620x350

Четири мигранти се пронајдени мртви во местото Доње Прилишќе кај Нетретиќ во Хрватска, додека две лица во тешка состојба се пренесени во болница. Полицијата се сомнева дека биле превезувани во нехумани услови и трага по возачот, кој побегнал.

— реклама —

Дојавата е примена по 22.30 часот, а полицајците по пристигнувањето на терен затекнале повеќе странски државјани.

Во близина на местото на настанот и некогашниот граничен премин со Словенија се пронајдени уште 12 странски државјани, пренесува Index.hr.

— реклама —

Вкупно 13 лица се пренесени во Центарот за регистрација на баратели на меѓународна заштита Дуги Дол.

— реклама —

Според досега утврдените информации, мигрантите на местото на настанот ги довел непознат возач на товарно возило, по што ги истоварил и побегнал.

Странските државјани ѝ рекле на полицијата дека за време на превозот биле изложени на нехумани услови.

— реклама —

На местото на настанот е извршен увид, со кој раководела жупаниската државна обвинителка. Полицијата се сомнева за кривични дела незаконско превезување мигранти и доведување во опасност на живот, а во тек е криминалистичка истрага. Телата ќе бидат подложени на обдукција за да се утврди точната причина за смртта и идентитетот на починатите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeimfhsi09t6kePr6fOG

Хрватски психијатар за смртта на Периш: Во 21 век сè повеќе ни недостига здрав разум

Балкан | пред 10 часа

— реклама —
media-library0dab39acoj3a7tjJLSn

(Видео) Бура и снег создадоа хаос во Хрватска: А1 затворен, на А6 возила заглавени во снег

Настани | пред 11 час

evra

Просечната нето-плата во Загреб пораснала за 8,1 отсто за една година

Балкан | пред 12 часа

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања