Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка

Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка

Четири навики во исхраната на Џејн Фонда кои ја прават да изгледа 20 години помлада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-library4jgig7i7cbn0fw66Gat

Холивудската актерка Џејн Фонда и на 88-годишна возраст продолжува да воодушевува со својот изглед и енергија. Таа беше меѓу најзабележителните дами на годинашниот Кански филмски фестивал, а тајната за нејзината виталност, како што вели самата, лежи во долгогодишните здрави навики.

Фонда со децении води сметка за исхраната, физичката активност и целокупното здравје, а особено нагласува дека не верува во брзи диети и екстремни режими на слабеење.

Според неа, диетите што ветуваат драматични резултати за краток период не се одржливо решение. Наместо тоа, таа советува фокусот да биде ставен на здравјето и постепените промени во животниот стил.

— реклама —

Една од навиките од кои никогаш не отстапува е појадокот. Фонда смета дека токму појадокот е најважниот оброк во денот и дека обезбедува енергија и подобар метаболизам.

Актерката истакнува и дека не практикува строги ограничувања кога станува збор за храната. Наместо целосно откажување од омилените намирници, таа верува во умереност и баланс.

— реклама —

Во нејзиното секојдневно мени доминираат свежо овошје и зеленчук, додека внесот на месо е сведен на минимум. Таа открива дека речиси воопшто не јаде месо, а значително ја намалила и консумацијата на риба.

— реклама —

„Не сакате да се чувствувате како нешто да ви е забрането. Ако изедете парче чоколадо, тоа е во ред. Важно е да не претерувате и да одржувате рамнотежа“, порачува Фонда.

Токму ваквиот пристап, според неа, е клучот за долгорочно добро здравје, енергија и виталност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dzejn-fonda-sad

Џејн Фонда боледува од рак

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања