Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Четири тешки сообраќајки за едно деноноќие – повредени повеќе лица во Скопје, Битола и Гевгелија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB
Скопје1.мк

Во изминатите 24 часа на територијата на Македонија се случиле четири тешки сообраќајни несреќи, во кои повеќе лица се здобиле со тешки и телесни повреди, а причините најчесто се поврзани со невнимание и неприлагодена брзина.

Во Гевгелија, утрово околу 6 часот, на регионалниот пат кај местото „Чавдарова чешма“, патничко возило „Ауди“ со гевгелиски регистарски таблички, управувано од 26-годишниот Д.Т. од село Црничани, излетало од коловозот и удрило во канделабра и сообраќаен знак.

Според полицијата, возачот се обидел да избегне домашно животно кое му излегло на патот.

— реклама —

Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гевгелија. Увид извршила екипа од ОВР Гевгелија.

Во Скопје, околу 00:25 часот, на крстосницата меѓу булевар „Словенија“ и стариот Качанички пат, се судриле „Фолксваген Голф“ и „Порше“, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата тешко е повреден возачот Р.И. (36) од с. Брест, додека со полесни повреди се здобиле возачот на поршето Ф.А. (43) и неговите двајца сопатници – Џ.А. (43) и 16-годишен малолетник, сите од Скопје.

— реклама —

Повредените се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и Градската болница „8 Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Неколку часа претходно, во 21:25 часот, на крстосницата меѓу булевар „Борис Трајковски“ и улица „Народни херои“, се судриле „Фолксваген Голф“ и „Опел“.

— реклама —

Во несреќата тешко е повредена 30-годишната С.К. од с. Морани, сопатничка во возилото „Голф“, а телесни повреди добиле 10-годишно дете и возачот на „Опелот“ Д.М. (45) од Скопје.

Повредените се згрижени во „Мајка Тереза“ и „Св. Наум Охридски“, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Во Битола, нешто по 22:20 часот, на булеварот „1 Мај“, „Опел Корса“ со битолски регистарски таблички, управувана од К.Ј. (66), удрила во две млади жени на возраст од 23 години.

— реклама —

Притоа, П.Р. се здобила со тешки телесни повреди, а М.М. со полесни, и двете се пренесени во Клиничката болница во Битола.

Полицијата извршила увид и работи на расчистување на случајот.

Во сите четири случаи увид направија увидни екипи на Министерството за внатрешни работи, а се преземаат мерки за утврдување на причините за несреќите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2022-06-05-093843

„Изгинавме по улици од полусвет“ - во една недела загинаа двајца пешаци

Коментари | пред 5 месеци

— реклама —
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-32-9790PM

Две жени се прегазени во Скопје и еден судар во Битола, три сообраќајни несреќи во еден ден

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-46-0730PM

Прегазен пешак во Гостивар, повредени тинејџери во Скопско – две тешки сообраќајни несреќи за еден ден

Македонија | пред 5 месеци

media-library73mg6p7blpa49Vwdkvb

Две тешки сообраќајќи: Жена прегазена во Скопје, форд излетал од патот кај Градско

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања