Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Четиригодишно момче се удави во базен на бич бар во Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
bazen-1
Илустрација

Четиригодишно момче се удавило во базен во комплекс со бич бар на грчкиот остров Парос, по што полицијата го уапсила сопственикот на објектот и родителите на детето.

Сите тројца се соочуваат со обвиненија за предизвикување смрт поради небрежност.

— реклама —

Сопственикот на објектот, кој воедно бил регистриран и како спасител на базенот, треба да се појави пред обвинител во судот во Сирос поради трагичниот инцидент што се случил во саботата попладне.

— реклама —

Според првичните информации, две лица кои биле гости го забележале детето без свест во базенот и го алармирале персоналот. Еден од вработените го извлекол детето од водата, по што на самото место биле преземени обиди за реанимација.

Момчето со возило на итната медицинска помош било пренесено во клиника, каде лекарите продолжиле со обидите за реанимација, но детето починало.

— реклама —

Родителите биле пуштени во саботата вечерта, по завршувањето на првичните законски процедури.

— реклама —

Надлежните ги истражуваат околностите под кои дошло до давењето, со посебен фокус на тоа дали сопственикот на објектот бил на должност како спасител во моментот на несреќата.

Според првичните наоди, родителите биле во бич барот покрај морето и не се наоѓале во близина на базенот кога нивниот син се удавил.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Поради уривање на надвозник затворен дел од грчкиот автопат А1: Изменет режим на сообраќај кон Солун и Евзони

Балкан | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryps059ejijq8m5YYYZAi

Мајка во Грција го продала новороденчето за 3.500 евра и со парите купила автомобил

Балкан | пред 1 ден

media-library573u51i2j3g86Z8x3NP

Трагедија при гаснење пожар во Грција: Загинаа двајца пожарникари, еден е повреден

Балкан | пред 4 дена

struja-4

Грција ѝ продава струја на Бугарија преку ден, а навечер ја купува назад

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања