Денеска, 1 јануари, се навршуваат 14 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров.
Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94 годишна возраст.
Роден е на 3 мај 1917 година во Штип и има активна улога во процесот на осамостојување на државата и нејзиното меѓународно признавање.
Во 1991 година Глигоров успеа по мирен пат да ја осамостои Македонија од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која самиот Глигоров извршуваше високи државни функции.
На 3 октомври 1995 година преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата „Македонија“ во непосредна близина на хотелот „Бристол“. По неколкумесечното лекување, на 10 јануари 1996 година Глигоров се врати на својата претседателска должност.
Добитник е на бројни домашни и меѓународни награди и признанија.