Герасимовски: Киро Глигоров ја водеше државата со многу ум, го продолжуваме неговиот аманет на соработка и соживот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
gerasimovski-centar-1

„Првиот претседател на државата Киро Глигоров е еден од најголемите великани на современата македонска историја. Тој беше државник, визионер којшто ја водеше Македонија со многу ум, трезвено, најзаслужен за тоа што бевме единствени од сите поранешни републики на Југославија кои без војна и крвопролевање се изборивме за независност и меѓународно признавање”, истакнува градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски по повод одбележување на 13-годишнината од смртта на првиот претседател на Републиката, Киро Глигоров.

— реклама —

Герасимовски, потенцира дека поранешниот претседател Киро Глигоров е личноста што ги поврза двата столба на македонската државност - АСНОМ 1944 и 8-ми Септември 1991.

— реклама —

„По неговиот пат на соработка, на соживот, на градење мостови продолжуваме и ние, следните генерации. Како градоначалник правам сѐ за да го продолжиме неговиот аманет - да се грижиме за граѓаните, демократски да ја развиваме земјата и да вложуваме во подобра иднина. Со отворањето на основното училиште „Киро Глигоров” во Општина Центар, со едукација на младите за историјата и одење на патот којшто тој го зацрта продолжуваме да се грижиме за ликот и делото на првиот македонски претседател”, вели Герасимовски.

Глигоров бил добитник на бројни меѓународни награди и признанија - ценет и вреднуван за својата работа од целиот свет.

Една од негови најголеми мисли кои до ден денеска имаат силно значење: „Најголемото достоинство на нашиот народ е што го сочува мирот, што не влезе во никаква војна, што не носи никаква вина за се она што се случи и што го загрозува целиот свет”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7jsr3f97rtqs4J56MHR

Четиринаесет години од смртта на Киро Глигоров

Македонија | пред 4 седмици

KiroGligorovPocit

Филипче: Да ја продолжиме визијата на Глигоров за напредна и демократска Македонија

Македонија | пред 1 година

kirogligorov-2025-4

Делегација на СДСМ оддаде почит за ликот и делото на Киро Глигоров првиот претседател на независна Македонија

Македонија | пред 1 година

viber_image_2025-01-01_12-29-31-677

Делегација на Владата положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања