Промени тема
Контакт

Четворица мажи во Гостивар обвинети за насилство врз две жени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0735

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против четири лица за кривично дело насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 22.06.2021 година, четворицата жители на гостиварската населба Циглана, извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста, телесно повредувајќи две жени.

— реклама —
— реклама —

Откако една од жените дошла во дворот на еден од обвинетите за да го побара својот сопруг, обвинетиот 45-годишник ја нападнал, ја фатил за коса, ја турнал на земја и почнал да ја удира со клоци. Му се приклучиле и останатите тројца обвинети, на возраст од 20, 31 и 22 години, удирајќи ја оштетената по целото тело. Првиот обвинет зел и палка, па продолжил да ја удира. Во тој момент, кон оштетената тргнала уште една жена која сакала да и помогне, но обвинетите ја турнале и таа паднала во бессознание.

— реклама —

Поголем број сведоци на настанот исто така се почувствувале загрозени и повикале полиција. Кога пристигнале, полициските службеници биле принудени да испукаат неколку проектили во воздух за да ги смират и оттргнат обвинетите. Двете жени во инцидентот се здобиле со телесни повреди.​​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања