OpenAI ја претстави интеграцијата на ChatGPT со Microsoft PowerPoint, овозможувајќи им на корисниците директно во апликацијата да креираат и уредуваат презентации со помош на вештачка интелигенција.
Новата функција му овозможува на „ЧетГПТ“ да создава целосно нови слајдови, но и да уредува, дополнува и освежува постојни презентации. Сè функционира преку едноставни текстуални команди на природен јазик.
Дополнително, системот може да повлекува податоци и материјали од поврзани сервиси како Gmail, Outlook и SharePoint, што треба да го олесни креирањето деловни презентации врз основа на постојни документи и комуникации.
Опцијата засега е во бета-фаза, но веќе е достапна за поголем дел од корисниците.
Овој потег се смета за одговор на конкуренцијата во областа на вештачката интелигенција. Anthropic веќе воведе слична функција во својот четбот Claude, додека Google одамна го интегрираше моделот Gemini со платформата Google Slides.
Досега „ПауерПоинт“ беше еден од ретките канцелариски алати без подлабока интеграција со „ЧетГПТ“, кој веќе работи во апликации како Microsoft Excel и Google Sheets.