Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Четворица Португалци исчезнале во Хрватска: Двајца пронајдени живи, спасувачите бараат уште двајца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
media-librarycsgka7l0e5pg8Fw5ksN
фото: unsplash

Голема спасувачка акција продолжува во Хрватска, во морето и долж брегот на островот Крк, откако четворица португалски државјани исчезнале во Велебитскиот Канал за време на силно невреме. Двајца од нив се пронајдени живи и се медицински згрижени, додека потрагата по преостанатите двајца продолжува.

— реклама —

Една жена била пронајдена нешто пред пладне во морето кај заливот Бутињ, на источната страна на Крк. Таа била извлечена на спасувачки чамец, исцрпена, но без повреди, по што била пренесена на брегот и медицински згрижена.

— реклама —

Околу 13:40 часот бил пронајден и вториот португалски државјанин, на карпите меѓу заливот Огрул и ’Ртот Главина. И тој бил исцрпен и по спасувањето бил пренесен на брегот за медицинска помош.

Во потрагата се вклучени спасувачки чамци од капетаниите во Риека и Сењ, испоставата во Нови Винодолски, авион на хрватската крајбрежна стража, полициски хеликоптер и припадници на Хрватската горска служба за спасување.

— реклама —

Четворицата пријатели претходно тргнале со мал гумен чамец долг околу 1,5 метри од камп северно од Сењ кон Сењ, по што им се изгубила трагата. Чамецот подоцна бил пронајден без патници во заливот Смокова.

Потрагата се одвива во тешки временски услови. Во Велебитскиот Канал било издадено црвено предупредување поради силна бура, со најсилни удари на ветерот од 65 до 100 километри на час.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq9s7u9mu8rvqe9nbPVH

Новинари прикажани обесени на дрво: хрватската полиција упаси функционер поради закани кон 11 новинари

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryn1rmsm11nfn8dXvEi5G

„Мажите ми го плаќаа кокаинот за да бидат во мое друштво“ – потресна исповед на поранешната пејачка

Сцена | пред 1 седмица

media-library9dk9tqncu150fQrRGvs

„Слатка“ заплена на границата меѓу Хрватска и Србија: возач на камион скрил 400 тегли Нутела

Балкан | пред 1 седмица

srbija-protesti

Хрватска ги повика граѓаните да ги одложат непотребните патувања во Србија пред изборите

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања