Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Голема промена за возачите во Хрватска: Ако удрите дивеч на патот, штетата може да ја платите сами

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 41 минута -

Свет
media-librarya2k1kqfrs35633YwtWr
ф

Возачите во Хрватска ќе мора да бидат повнимателни при возење низ подрачја каде што има диви животни. Со измените на Законот за ловство, кои стапија во сила на 14 ноември 2026 година, се менуваат правилата за надомест на штета при сообраќајни несреќи предизвикани од налет на дивеч.

— реклама —

Според новите правила, одговорноста се утврдува врз основа на вина. Доколку возачот ги почитувал сообраќајните правила, но диво животно ненадејно истрчало пред автомобилот, а не е утврдена вина ниту кај него ниту кај ловното здружение, секоја страна ја сноси сопствената штета.

— реклама —

Хрватскиот ловечки сојуз соопшти дека од 14 ноември повеќе не прима пријави за штети од вакви несреќи. Пријави и понатаму се прифаќаат за настани случени најдоцна до 13 ноември.

Промената доаѓа поради големите финансиски трошоци на досегашниот систем. Според податоците на хрватските институции, државата од 2018 година издвојувала десетици милиони евра за надомест на ваквите штети.

— реклама —

Колку е чест проблемот покажуваат и податоците за 2025 година, кога во Хрватска биле евидентирани 6.163 налети на возила врз дивеч.

— реклама —

Возачите сега се советуваат да проверат дали нивното каско-осигурување или дополнителна полиса покрива штета при судир со диви животни, бидејќи задолжителното автомобилско осигурување не ја покрива штетата на сопственото возило.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library50e40d2b4pqh6oOZoUQ

Хрватска очекува 22 милиони туристи и приходи од 15,9 милијарди евра

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-library1kh5k1bum65p4ketiou

Хрватска испрати 153 војници во мисијата на НАТО КФОР на Косово

Балкан | пред 1 ден

brza-pomos-hrvatska

Тешка сообраќајка во Хрватска: Три лица загинаа во судир на два камиона и два автомобила

Балкан | пред 3 дена

media-library59psqevdq1re9EEsUT8

„Од каде да најдеме 30.000 евра?“: Младите најавуваат протест по растот на цените на становите во Загреб

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања