Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Хрватска испрати 153 војници во мисијата на НАТО КФОР на Косово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 28 минути -

Балкан
media-library1kh5k1bum65p4ketiou

Хрватска испраќа 153 припадници на својата војска во мисијата на НАТО КФОР на Косово. Свечениот испраќај на 46. хрватски контингент се одржа во четвртокот во касарната „7. гардијска бригада Пума“ во Вараждин, соопшти Министерството за одбрана на Хрватска.

— реклама —

Контингентот брои 153 припадници, меѓу кои и седум жени. Во име на министерот за одбрана Иван Анушиќ, војниците ги поздравил државниот секретар Драго Матановиќ, кој истакнал дека мисијата КФОР има особено значење за Хрватска поради непосредната близина на Косово.

— реклама —

Тој нагласил дека учеството во меѓународните мисии ја потврдува одговорноста на Хрватска кон сојузниците, посветеноста на колективната одбрана и подготвеноста да придонесува за безбедноста и стабилноста.

Командантот на 46. хрватски контингент, полковник Роман Келнериќ, на припадниците им посакал успешна мисија и безбедно враќање со нови искуства. Војниците поминале повеќемесечни подготовки, а во рамките на мисијата ќе бидат распоредени во повеќе специјализирани тимови на три локации: кампот „Филм сити“ во Приштина, аеродромот „Слатина“ кај Приштина и кампот „Вилаџо Италија“ во Пеќ.

— реклама —

Најголемиот дел од контингентот го сочинува моторизирана пешадиска чета, во која главно се припадници на 2. оклопно-механизиран баталјон „Пума“ од хрватските копнени сили.

— реклама —

Хрватската војска учествува во мисијата КФОР од 2009 година, со цел да придонесе за одржување безбедна и стабилна средина и да им даде поддршка на безбедносните институции на Косово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

brza-pomos-hrvatska

Тешка сообраќајка во Хрватска: Три лица загинаа во судир на два камиона и два автомобила

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-library59psqevdq1re9EEsUT8

„Од каде да најдеме 30.000 евра?“: Младите најавуваат протест по растот на цените на становите во Загреб

Балкан | пред 2 дена

Hrvatska-policija

Верижен судир на пет автомобили во Осиек, 11 лица полесно повредени

Балкан | пред 4 дена

media-libraryo9nl9d4n8arq8H4vwrU

Секое петто 16-годишно дете во Хрватска размислувало да се повреди: „Детето ни исчезнуваше пред очи“

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања