Промени тема
Контакт

Четврта жртва на западнонилската треска во Македонија: 20 се хоспитализирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
infektivna_klinika-610x400

Уште еден пациент почина од западнонилска треска на Универзитетската клиника за инфективни болести, со што бројот на починати од оваа инфекција во земјава се искачи на четири.

Станува збор за 76-годишен пациент кај кого претходно лабораториски била потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска. Тој на Клиниката се лекувал 27 дена, но поради тешката форма на инфекцијата, која го зафатила мозокот и мозочната обвивка, како и поради сериозните придружни заболувања, во текот на вчерашното попладне починал.

Директорот на Клиниката, Фадил Цана, информира дека во моментов се хоспитализирани 20 пациенти со западнонилска треска. Кај 18 од нив инфекцијата е лабораториски потврдена, додека двајца се водат како клинички суспектни случаи.

— реклама —

Пет пациенти се наоѓаат на одделот за интензивна нега поради потешка клиничка слика и се лекуваат согласно медицинските протоколи.

Досега 15 пациенти се излекувани и се отпуштени од Клиниката за инфективни болести.

— реклама —

Цана информираше и дека кај 25-годишната пациентка, која претходно била водена како клинички суспектна, дополнително била потврдена невроинвазивна форма на инфекцијата. Во меѓувреме, синоќа бил хоспитализиран и 24-годишен пациент, кој засега се води како суспектен случај. Резултатите од дополнителните испитувања треба да покажат дали и кај него ќе биде потврдена дијагнозата.

— реклама —

Според директорот на Клиниката, сите хоспитализирани пациенти имаат невроинвазивна форма на заболувањето, која бара болничко лекување. Оваа форма, како што објасни, се јавува кај околу еден отсто од инфицираните лица.

Сите досега хоспитализирани пациенти се од Скопје. Цана посочи дека повозрасната возраст претставува независен ризик-фактор за потежок исход кај пациентите со невроинвазивна форма на западнонилска треска, особено кога инфекцијата предизвикува воспаление на мозокот и мозочната обвивка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

klinikimajka-tereza

Уште една жртва на Западнонилска треска, бројот на починати се искачи на девет

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

65 случаи на западнонилска треска во Македонија, најмногу во Драчево

Македонија | пред 5 дена

media-library4a5224hjs07a6U0X8cZ

Нови случаи на западнонилска треска во Франција: Првпат во овој регион

Свет | пред 1 седмица

ucenici

Учениците не се ризична група за западнонилска треска

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања