Речиси целата македонска естрада, актери, музичари, челниците на средното музичко “Илија Николовски-Луј”, пријатели и познаници, се простуваат од истакнат македонски композитор, диригент и долгогодишен член на СОКОМ, Александар Џамбазов. Голем дел од нив, споделија сеќавања, во негова чест.
„Единствениот маестро за мене во мојот живот,кроток,мил, зборлест,духовит,вечно вљубен во својата Анче,постојано загрижен за своите Тања и Игор...што седења сме си имале пред Војна болница кога Игор имаше проблеми со здравјето,колку тајни ми има кажано за македонските пејачи затоа шро бев многу љубопитна.Секогаш имаше по некој виц да ти раскаже и по некоја приказна од својот арсенал. Те сакам мој мој маестро и треба да си во алејата на великаните без збор!!!! Моето најдлабоко сочуство. Чичко Ацо баци ми ја Анче“, напиша актерката, Весна Петрушевска.
Се простија и до средното музичко училиште.
„Втемелувач на македонската детска и популарна музика со голем број на изведени, снимени и печатени и наградени дела во земјата и странство, истакнат општествен деец во целокупната музичка култура, за што е добитник над 40 стручни и општествени награди и признанија во Македонија и во поранешна СФР Југославија, добитник е и на Државната награда „11 Октомври“, Наградата на град Скопје „13 Ноември” и др. Маестро Александар Џамбазов е еден од основоположниците на Танцовиот и Ревискиот оркестар на Македонската Радио Телевизија, на фестивалот на забавни мелодии „Скопје“ и на најпознатиот, најафирмиран и еден од најстарите музичко-детски фестивали во Европа „Златно славејче“. Неговиот исклучителен придонес е и во музичкото исполнителство како диригент со над 40-годишен непрекинат и континуиран работен стаж, и како несебичен пропагатор на опусот на македонските композитори од овој жанр. Во неговиот богат творечки и интерпретавен опус се обединети сите негови животни и креативни настојувања на взаемно преточување на „сериозниот” и „популарниот” жанр врз кои базира целото негово творештво што опфаќа оркестарски, хорски, камерни дела, забавни мелодии, песни за деца, музика за филм и за театарски претстави“, напишаа тие.
И македонската пејачка Каролина Гочева, сподели спомен со него.

Се простија и неговирте пријатели.
