Промени тема
Контакт

Циклон носи дожд, силен ветер и снег на планините – температурите во опаѓање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
48388075_1911540288966173_2826031705595314176_n_1911540162299519

Променливо и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и засилен јужен ветер го зафати поголемиот дел од земјава. Според најновите метеоролошки податоци објавени денеска во 16:30 часот, максималните дневни температури се движеле од 0 степени на Попова Шапка до 18 степени во Струмица.

Најстудено било на Попова Шапка со измерени 0 степени, потоа во Маврови Анови со 4 степени, како и во Крушево и Лазарополе со 5 степени. Во Скопје максималната температура изнесувала 10 степени на Зајчев Рид и 13 степени на Петровец. Највисоки температури се измерени во југоисточниот дел од земјата – 17 степени во Гевгелија и 18 степени во Струмица.

— реклама —

Во изминатите девет часа, до 16 часот, најмногу воден талог е наврнат на Попова Шапка – 33 литри на квадратен метар. Следуваат Претор со 26, Маврови Анови со 25 и Тетово со 21 литар на квадратен метар. Значителни количини дожд се измерени и во Охрид, Крушево, Битола и Прилеп.

Времето денеска и до крајот на денот

— реклама —

Денеска времето беше променливо облачно со повремен локален дожд. Дуваше умерен, а на места и засилен јужен ветер, кој во Штип достигнуваше брзина над 60 километри на час. До крајот на денот се очекува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужните и источните делови на земјата, како и слаб до умерен јужен ветер.

Времето утре

Утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на квадратен метар, особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен јужен ветер со брзина над 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 7 до 12 степени, а максималните од 10 до 17 степени.

— реклама —

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд, поизразен кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен јужен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 14 степени.

Прогноза за наредните денови

Под влијание на циклонска активност, во наредните денови времето ќе остане променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во четврток, поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер, врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките, но и во дел од пониските места. На планините во западните делови се очекува формирање нова снежна покривка, а помала снежна покривка е можна и во пониските предели.

Во петок се очекува преодно стабилизирање на времето, додека за време на викендот, особено во сабота, повторно се најавуваат локални врнежи од дожд и снег, на места пообилни. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Од -4 утрово до 28 степени преку ден: Голема температурна разлика низ Македонија

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-library3ris6de2hrpl08pK26C

Голем пресврт на времето: Арктички студ стигнува на Балканот

Балкан | пред 2 седмици

media-library4uqdirj780pd7xIn8At

Посвежо време до среда, а потоа температурите повторно растат до 34 степени

Македонија | пред 3 седмици

soncevo

До 30 степени, но посвежо – засилен северозападен ветер низ Повардарието

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања