Ципрас „преживеа“ со 151 глас „ЗА“ доби поддршка од парламентот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
cipras

Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас го преживеа гласањето доверба и со 151 глас „ЗА“ доби поддршка од парламентот. Од пратениците, 148 гласаа „против“, јави дописничката на МИА од Атина.

— реклама —

Грчките пратеници вечерва поединечно гласаа за доверба на Владата на Алексис Ципрас.

Како што беше очекувано и најавувано, освен 145 пратеници од СИРИЗА, за доверба на владата гласаа четворица независни пратеници и двајца од Независни Грци, односно: министерката за туризам, заменик министерот за земјоделство, кои до неодамна беа дел од Независни Грци, заменик министерката за цивилна за заштита - независен пратеник, пратениците од Независни Грци и сега веќе независниот пратеник, а до завчера член на Река.

— реклама —

Сите пратеници од опозициските партии, Нова демократија, Движење на промена, Златна зора, Река, Сојуз на централисти, Комунистичката партија на Грција, гласаа против.

Откако Ципрас ја доби довербата од пратениците ќе се пристапи кон Договорот од Преспа и пратениците кои што би гласале за негова ратификација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања