Цивилна одбрана во Газа: 283 тела пронајдени во гробница, не знаеме дали се закопани живи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Масовна гробница со речиси 300 тела е откриена во болницата во Кан Јунис, соопштија вчера работниците за цивилна заштита во Газа. Израелските сили ја напуштија областа претходно овој месец. Полковник Јамен Абу Сулејман, директор за цивилна одбрана во Кан Јунис, за Си-Ен-Ен изјави дека вчера биле ископани 73 тела во дворот на медицинскиот комплекс Насер, со што вкупниот број на закопани во масовната гробница достигна 283.

— реклама —

Сулејман наведува дека некои од телата биле пронајдени со врзани раце и нозе и дека има индиции за егзекуција. „Не знаеме дали се живи закопани или егзекутирани. Повеќето од телата се распаднати“, рече тој. Си-Ен-Ен не можеше да ги потврди тврдењата на Сулејман. Тој стапил во контакт со израелските одбранбени сили (ИДФ) и, меѓу другото, ги прашал дали телата закопани во болницата се ексхумирани за ДНК тестови.

Портпаролот на цивилната одбрана на Кан Јунис и шеф на потрагата по исчезнатите, Раед Сакр, изјави за Си-Ен-Ен дека трагаат по телата на уште 400 луѓе по заминувањето на израелската армија на 7 април. Репортерот на Си-Ен-Ен, кој ја посети областа во неделата, вели дека во јануари, како дел од привремена мерка, мештаните ги закопале телата на убиените членови на семејството во болницата.

— реклама —

Кога се вратиле по израелското повлекување, откриле дека телата биле ексхумирани, веројатно за да може ИД да користи ДНК анализа за да утврди дали има заложници меѓу загинатите. Телата потоа беа ставени во најмалку една масовна гробница.

Локален жител изјави дека телото на неговиот 21-годишен син, кој бил убиен во јануари, допрва треба да биде пронајден. „Сè уште не сум го нашол. Го закопавме таму, но не можеме да го најдеме. И сакавме да му направиме пристоен гроб“, рече тој.

Една жена изјави дека веќе 10 дена го бара телото на својата ќерка, која била убиена во ракетниот напад врз зградата на крајот на јануари. Таа рече дека Израелците ги ископале телата. „Го најдовме телото на тетката. Но, не можеме да ги најдеме другите“, додаде таа.

ИД соопшти дека извадила десетици тела од Газа за ДНК тестови во Израел, а потоа ги ставила останките во контејнери. Областа околу медицинскиот комплекс Насер беше интензивно бомбардирана во јануари и февруари. Во тоа време, локалните жители копале привремен гроб во болницата бидејќи немало безбеден пристап до гробиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања