Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Членот 353 ги намалува казните за злоупотреба на службена положба, Левица бара Уставниот суд да отвори предмет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library1fm6rm518418aPYkYXc

Со донесените измени на членот 353 од Кривичниот законик, власта на Мицкоски наместо да ја заостри казнената политика за злоупотреба на службената положба - таа ги намалува казните и декриминализира голем дел од корупцијата при јавни набавки, велат од политичката партија Левица.

„Наместо да се донесе новиот Кривичен законик, на кој работеше група експерти и седум години стои во фиока, ДПМНЕ целосно ги игнорираше забелешките од експертите искажани на јавната расправа и ги донесе скандалозните измени на членот 353.

— реклама —

Со донесените измени од владејачкото мнозинство:
- се намалуваат минималните и максималните казни за злоупотреба на службена положба во држава која страда од неказнивост на функционери;

— реклама —

- за прв пат се воведува можност за условна казна со намалување на минималната казна на 4 години која претходно изнесуваше 5 години и не постоеше правна можност за условна казна;

- се намалува максималната казна за злоупотреба на службена положба на 8 години која претходно изнесуваше 20 години, што значи криминалот на функционерите ќе застарува за 16 години (наместо за 40 години како што гласеше претходното законско решение);

— реклама —

- се брише ставот кој предвидува одговорност за службените лица во органите на државната управа со што се амнестираат од одговорност министри, директори и други вработени во органите на државната управа.

— реклама —

Јасно е дека со ваквите штетни измени ќе следи уште побрзо застарување на криминалот од функционерите и службените лица и токму поради тоа го повикуваме Уставниот суд да отвори предмет за преиспитување на уставноста на измените на членот 353. Тенденцијата на корумпирана власт очигледно е да обезбеди идна амнестија за криминалните тендери доделени на фирми на роднини и пријатели на нивните функционери и повторно никој да не одговара за системскиот грабеж на парите на граѓаните“, се вели во соопштението.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања