„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ЦО на ДОМ: Продолжуваме со подготовките за локалните избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dom

Денес Централниот одбор на ДОМ одржа седница со физичко присуство, со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид 19. Во духот на демократијата и транспарентноста Централниот одбор ја разгледа нелигитимната иницијатива за одржување вонреден конгрес на ДОМ. Мнозинството членови на Централниот одбор едногласно ја отфрли иницијативата, со образложение дека нема потреба од одржување на вонреден конгрес. Членовите истакнаа дека сега фокусот на ДОМ треба да биде подготовка за претстојните локални избори, а не задоволување на лични интереси на поединци.

— реклама —

Со мнозинство гласови, членовите на ЦО изгласаа недоверба кон: Ана Петровска и Мирослав Богдановски на функциите потпретседатели и членови на Извршен одбор на ДОМ, и Јасмина Пакашки на функцијата член на ИО на ДОМ.

ДОМ е демократска партија во која се почитува мислењето на секој член кој ги негува зелените вредности. Зелената партија ДОМ продолжува со подготовките за локалните избори, за што Централниот одбор на ДОМ го задолжи Извршниот одбор на ДОМ да ги продолжи тековните активности.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања