Легендарниот актер Благоја Чоревски во гостување во емисијата „Магазин “ на Сител збоуваше за својата кариера и својот живот. Тој кажа дека студирал во Софија и таму има научено бугарски јазик.
– Ние кога зборувавме македонски во Софија, не прашуваа дали сме српчета. Толку ни беше „близок“ јазикот. Никогаш не ни бил близок. По мене, бугарскиот јазик е сленг на македонскиот. Така да, тие се дојденци на местото каде што биле Македонците. И најлесно било, кога завладувале територии, да се разберат со Македонците, со староседелците, вели Чоревски.
Чоре раскажа дека во Софија студирал и Мето Јовановски, Ванчо Петрушевски, Диме Станковски, Марин Бабиќ и раскажа случка од тоа време.
-Во дипломата стои бугарски јазик. Ние учевме бугарски јазик. И си стои Македонец, изјави актерот.
фото:НАША ТВ