Промени тема
Контакт

„Човек кој остави белег за сегашните и идните генерации, неуморен борец за подобро“, Зечевиќ се прости од Тозија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mile-zecevic

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, изрази сочувство до семејството, пријателите и роднините на почитуваниот Горан Медо Тозија кој почина денеска.

„Со длабоко жалење дозволете да изразам сочувство за загубата на нашиот другар, сопартиец, докажан филмски работник, продуцент и борец за подобро, Горјан Медо Тозија.

Денеска вашето семејство, сите ние, но и нашата државата загубија голем човек, кој целиот живот го посвети на седмата уметност, а со својот професионален ангажман беше своевиден амбасадор на македонската современа филмска култура. Човек кој остави белег за сегашните и идните генерации, неуморен борец за подобро. Медо даде придонес во институционалниот развој на културата и секогаш чекореше со својот народ, со сопартијците во демократската борба за враќање на слободата и демократијата во земјата.

— реклама —

Горјан Тозија беше габарит во македонскиот културен простор. Со неговото заминување, губиме гласноговорник на филмскиот и културниот еснаф, на фигура со став и артикулација, на појава со различно социјално прифаќање, но никогаш со рамнодушност.

— реклама —

Изразувам длабока благодарност за неговите општествени и културни ангажмани коишто ги извршување со голема енергија и ентузијазам.

Шарената ревлоуција со неговата мисла и појава беше замаец за сите процеси кои следуваа потоа. Само луѓе како Медо, остануваат запаметени како големи кога своето делување го даваат во сите општествени сегменти, кога се крши иднината на државата

— реклама —

Се надевам дека во токму во делата, во неговото наследство и вредностите што Горјан ги остави зад себе, ќе се обидете да најдете утеха за неговата ненадејна загуба. Слава му, нека почива во мир и нека му е светол патот.“ стои во телеграмата со сочувство на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања