Меѓу 38 барања за амнестија, кои се поднесени до денес, се наоѓа и барањето поднесено од Панче Ангелов, кој е осуден на четири години затвор бидејќи при упадот во Собранието на 27 април ја кубеше Радмила Шекеринска. Неговиот адвокат потврди дека во име на својот клиент поднел барање за амнестија.
За време на судењето Ангелов ја призна вината, рече дека се кае за извршеното дело, за кое законот предвидува казна од 3 до 10 години затвор. При читањето на пресудата судијката Џанета Бектовиќ порача дека оваа пресуда ќе служи за пример за останатите граѓани. Ангелов бараше казната затвор да биде преиначена во условна, но Апелација ја одби жалбата.
Според Законот за амнестија, помилување не може да добијат организаторите и подготвувачите на нападот во Собрание, за кои има основани сомненија, како и лицата кои извршиле физичко насилство.