Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Црна Гора бележи туристички раст: Во јули над 1 милион ноќевања, најмногу гости од Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
crna-gora

Туристичкиот промет во Црна Гора продолжува да расте, покажуваат најновите податоци на Управата за статистика – Монстат. Во јули, во колективното сместување биле регистрирани 244.754 туристички пристигнувања, што е раст од 4,4 отсто во споредба со истиот месец минатата година.

— реклама —

Туристите во текот на јули оствариле вкупно 1.081.249 ноќевања. Странските гости учествувале со 91,6 отсто од вкупниот број ноќевања, додека домашните туристи од Црна Гора оствариле 8,4 отсто.

— реклама —

Најбројни биле туристите од Србија, со 42.557 пристигнувања. Тие оствариле 247.437 ноќевања, што претставува една четвртина, односно 25 отсто од сите ноќевања во колективното сместување во Црна Гора.

— реклама —

По бројност следуваат туристите од Босна и Херцеговина, Велика Британија, Русија и Полска. Од земјите надвор од Европа, значаен број посетители пристигнале од Израел, САД и Кина.

— реклама —

Најголемиот дел од туристичките ноќевања биле остварени во приморските места – 92,4 отсто. Во главниот град биле реализирани 3,7 отсто од ноќевањата, а во планинските места 2,6 отсто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylcdeie1nugq99RKDHRd

(Видео) Пожар во Сараево зафати неколку железнички вагони

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygbuvuiv203t88ECHaBn

Црна Гора ја забрзува европската интеграција, затворени уште две преговарачки поглавја

Балкан | пред 4 дена

crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора би можела да го потпише договорот за членство во ЕУ во јуни 2027 година

Свет | пред 1 седмица

cAnk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTTJZN01EQV8vYTAwYzk0NDIzNWY4ZGE3MDFhNTgyMDU3ZTExNWYyM2MuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Нови правила за влез во Црна Гора од 1 ноември: Еве што треба да знаат македонските граѓани

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања