Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Црна Гора го укинува безвизниот режим за граѓаните на Русија, Белорусија и Турција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Балкан
crna-gora

Од 1 ноември 2026 година, граѓаните на Русија, Белорусија и Турција ќе треба да имаат виза за влез, транзит и престој во Црна Гора.

— реклама —

Одлуката е донесена во рамки на процесот на усогласување на црногорската визна политика со политиката на Европската Унија, како дел од обврските поврзани со пристапувањето кон ЕУ.

— реклама —

Црногорската Влада на 23 јули 2026 година ја усвои измената на Уредбата за визниот режим, со која се предвидува воведување визна обврска за граѓаните на трите земји од 1 ноември.

Бидејќи безвизниот режим со Русија, Белорусија и Турција е регулиран и со меѓународни договори, Владата ќе преземе постапки за престанок на нивната важност.

— реклама —

За Турција, сепак, е предвидена можност за посебен режим. Црна Гора ќе започне постапка за склучување нов билатерален договор со кој би се регулирал визниот режим за носителите на дипломатски, службени и специјални пасоши.

Според црногорската Влада, со тоа би се овозможил континуитет на безвизниот режим за овие категории патни исправи, во согласност со правилата на ЕУ во областа на визното законодавство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора најавува напредок во решавањето на спорните прашања со Хрватска

Свет | пред 2 дена

— реклама —
crna-gora-eu-1-750x430-1

Хрватска бара исполнување на осум услови од Црна Гора, ЕУ ја изостави временската цел за преговорите

Свет | пред 6 дена

crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора денеска затвора три поглавја во преговорите со ЕУ

Балкан | пред 1 седмица

media-librarylcdeie1nugq99RKDHRd

Голем пожар во хангар на плажата Јаз кај Будва: Изгореа чамци и глисери, причинета е голема штета

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања