Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Црна Гора ќе биде силна поддршка за евроинтеграцијата на Македонија, порача црногорскиот вицепремиер Ивановиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryq7h41q7oedsv2Hr1A5N

Црна Гора ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Македонија и се залага проширувањето на Европската унија да се одвива врз основа на заслугите на секоја држава, порача црногорскиот вицепремиер задолжен за надворешни и европски прашања, Филип Ивановиќ.

— реклама —

На заедничката прес-конференција со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, Ивановиќ истакна дека Европската унија не може да биде целосна без земјите од регионот. Тој, кој е во дводневна работна посета на Македонија, посочи дека Црна Гора е предводник во евроинтегративниот процес и очекува во 2028 година да стане полноправна членка на Унијата.

— реклама —
— реклама —

Ивановиќ нагласи дека членството во ЕУ не значи напуштање на регионот, туку обврска за поддршка на останатите држави во нивните европски аспирации. Тој порача дека Црна Гора ќе биде силна поддршка за Македонија, со желба двете држави што поскоро да станат дел од Унијата.

Двајцата вицепремиери оценија дека политичките односи меѓу Македонија и Црна Гора се одлични и дека нема отворени прашања. Разговарале и за продлабочување на економската соработка, а договориле следната година да се одржи бизнис-форум на компании од двете држави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања