Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Црногорски бизнисмен и неговото обезбедување претепале новинарка во Подгорица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-11-11-130203

Новинарката на црногорскиот весник „Побједа“, Ана Раичковиќ, вчера доцна вечерта во Подгорица била вербално и физички нападната, а била нападната од црногорски бизнисмен и неговото обезбедување, јавуваат медиумите во Црна Гора.

— реклама —

Како што објави весникот „Побједа“, новинарката на весникот и уредничка на рубриката за црна хроника била нападната пред ресторан и во таа прилика била изложена на навреди и добила неколку удари по главата и телото. Медиумите наведуваат дека напаѓачите се Зоран Ќоќо Беќировиќ и членови на неговото обезбедување.

Се наведува дека причина за нападот било нејзиното известување за Беќировиќ, кој е сопственик на ски-центарот во Колашин, еден од најпознатите црногорски зимски центри. Тој имал деловен однос со поранешната претседателка на Врховниот суд, Весна Меденица, на која и се суди за учество во организирана криминална група, од која во 2015 година купил повеќе од 25.000 метри квадратни земјиште во Колашин.

— реклама —

Во меѓувреме полицијата соопшти дека се уапсени тројца напаѓачи со наведени иницијали и возраст, од кои се претпоставува дека се Беќиревиќ, неговиот син Лука и припадник на обезбедувањето. Според полицијата, тие физички ја нападнале новинарката, а потоа и го скршиле ветробранското стакло од автомобилот и нанеле друга штета.

— реклама —

Претседателот на црногорската влада Милојко Спајиќ најостро го осуди нападот врз новинарката на Побједа.

„Слободата на медиумите и непречената работа на новинарите се од суштинско значење за демократијата и е основна определба на владата. Очекувам надлежните органи ефективно да го истражат целиот случај и напаѓачите да одговараат за овој неприфатлив чин“, напиша Спајиќ на X.

Црногорската министерка за култура и медиуми Тамара Вујовиќ оцени дека нападот врз новинарот на Побједе е длабоко загрижувачки чин на насилство врз слободата на медиумите и правото на информирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

cAnk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTTJZN01EQV8vYTAwYzk0NDIzNWY4ZGE3MDFhNTgyMDU3ZTExNWYyM2MuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Нови правила за влез во Црна Гора од 1 ноември: Еве што треба да знаат македонските граѓани

Свет | пред 2 дена

— реклама —
crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора може до крајот на годината да ги отвори сите преговарачки поглавја со ЕУ

Балкан | пред 1 седмица

crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора најавува напредок во решавањето на спорните прашања со Хрватска

Свет | пред 1 седмица

crna-gora-eu-1-750x430-1

Хрватска бара исполнување на осум услови од Црна Гора, ЕУ ја изостави временската цел за преговорите

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања