Традиционално и оваа година волонтерите од сите возрасти на охридскиот Црвен крст, изработија голем број новогодишни украси и сувенири кои во рамки на бројни хуманитарни продажни акции пред и за време на Новогодишните празници ќе бидат достапни на нашите сограѓани.
– Започнуваме денес на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, каде од 12:00 часот волонтерите од Клубот на млади и од Програмата на грижа за стари лица при Црвен крст Охрид ќе ги продаваат прекрасните новогодишни уникатни, рачно изработени креации. Средставата собрани од хуманитарната продажна акција ќе бидат наменети за купување на Новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства. Декември е месец на дарување. Бидете хумани и дарувајте. Купете новогодишен украс, а не петарди, порачуваат од Црвен крст Охрид.