ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Црвен крст Охрид го демантира Денесовски: Ниту сме побарале, ниту добиле некакви финансиски средства за ангажирање на своите волонтери во вакциналниот центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vakcinacija-6

Со индигнација ги демантираме и отфрламе наводите изнесени во текст од лицето Сашо Денесовски објавен на 04.05.2021  за кои најодговорно тврдиме дека се тенденциозни и целосно невистинити, се вели во демантот од ОО на Црвениот крст Охрид.

— реклама —

Демантот го пренесуваме во целост:

- Екипата на Црвен крст Охрид која беше испратена за помош при изведување на вакцинацијата

— реклама —

против Ковид-19 на вакциналниот пункт во салата на СРЦ Билјанини извори во Охрид беше

составена од еден вработен во Црвен крст Охрид и еден волонтер на Црвен крст Охрид и двајцата

полнолетни.

- Црвен крст Охрид е хуманитарна организација и своите активности ги реализира според

соодветни програми, потреби и барања, а во случајов, координирано со Црвениот крст на РСМ,

Министерството за здравство на РСМ и Здравствениот дом Охрид е вклучен во помош на

изведувањето на вакцинацијата против Ковид-19 на вакциналниот пункт на Здравствен дом

Охрид, во кругот на Општа болница Охрид уште од 5 април 2021. Со затворање на вакциналниот

пункт во Здравствен дом Охрид и отворање на регионалниот вакцинален пункт во СРЦ Билјанини извори, Црвен крст Охрид ги насочи своите екипи да ја продолжат активноста во новоотворениот пункт.

- Црвен крст Охрид ниту побарал, ниту добил некакви финансиски средства за ангажирање на

своите волонтери во процесот на вакцинација против Ковид-19.

извор: ОО Црвен крст Охрид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања