Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Црвен метеоаларм во речиси цела Италија поради нов топлотен бран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library4mj581auo24g2N0aRJZ
Magnific

Италијанското Министерство за здравство издаде црвен метеоаларм за понеделник за речиси сите поголеми градови во земјата поради новиот бран на високи температури што ја зафаќа Европа.

— реклама —

Од вкупно 27 поголеми градови, само Реџо Калабрија и Месина нема да бидат под највисокото, трето ниво на предупредување.

— реклама —

Според прогнозите, максималната температура во Неапол може да достигне до 39 степени Целзиусови, во Фиренца и Палермо до 38, а во Рим до 37 степени. Во северниот дел на земјата, во Торино, Трст и Венеција се очекуваат температури до 36 степени.

— реклама —

Италијанските власти предупредуваат дека црвениот аларм означува екстремни горештини кои можат да претставуваат ризик за здравјето не само на ранливите категории, туку и на здравите и активни лица.

— реклама —

Новиот бран на високи температури, кој претходно ја зафати западна Европа, сега се проширува и кон централниот дел на континентот, каде во наредните денови на поединечни места се очекуваат температури и до 41 степен Целзиусов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dzordza-meloni

Мелони предупредува на ширење хаос по заканите со бомби во 6.300 училишта

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryuujv7d2232g2fXj0kiG

Најмалку 300 училишта во Италија евакуирани по закани за бомби

Свет | пред 2 дена

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Оваа европска земја ќе ги пресметува казните за секој километар пречекорување на брзината

Патувања | пред 4 дена

media-librarym5s197b52hf5busDL2f

Италија и Шпанија најпосакувани дестинации за есенски одмор меѓу Европејците

Патувања | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања