Црвенковски збори за корумпирана држава: во корумпирана држава нема фер пазарна економија каде ќе одлучува квалитетот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
crvenkovski-pendarovski-manu

Експретседателот Бранко Црвенковски го повика актуелниот шеф на државата Пендаровски, со кој на иста маса на денешната дебата, да покрене иницијатива за постигнување национална платформа, која би ги дефинирала клучните проблеми и цели на земјата, со прецизни рокови за нивно надминување и исполнување.

— реклама —

„Во земјава нема еднаквост пред законот, нема правда, нема доверба во судството, во корумпирана држава нема фер пазарна економија каде ќе одлучува квалитетот, а не со подмачкување. Вака понатаму не може овој балон порано или подоцна ќе пукне со сите катастрофални последици кои ќе произлезат од него. На Македонија итно и е потребан националан платформа која ќе биде задолжителна за сите“, вели Црвенковски обраќајки се на свечениот собир на МАНУ за јубилејот од формирањето на современата македонска држава.

— реклама —

„Македонија е внатрешно длабоко конфронтирана и поделена држава, во која партиите не се гледаат како конкуренти, туку како неприатели што треба да се уништат меѓу себе и во која не може да се постигне консензус за ниту едно битно прашање. И трето, Македонија е држава која живее на кредити, а кој живее на кредит, умира на рати. А, каде завршија парите од тие кредити – дали во инфраструктура, во подигање на квалитетот на јавното здравство“, додаде Црвенковски.

— реклама —

„Македонија е држава која живее на кредити, а постои една изрека ‘кој живее на кредит, умира на рати‘. Во 2001 година бруто надворешниот долг изнесувал 1 милијарда и 494 милиони долари. Во 2011 година бруто надворешниот долг пораснал на 6 милијарди и 271 милион долари, а денес, во 2021 година тој изнесува фантастични 11 милијарди и 545 милиони долари. За 20 години, бруто надворешниот долг пораснал за повеќе од 10 милијарди долари. Па каде завршија тие пари и што е уште поважно, како ќе се враќаат тие пари. Вака понатаму не може. Овој балон еден ден, порано или подоцна, ќе пукне, со сите катастрофални последици што од тоа ќе произлезат“, кажа тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања