Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Чучуљ со најмногу бодови – Собранието во декември ќе решава за новиот претседател на Антикорупциската комисија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryp0gc607pc6tieDY6Ddm
Телма/Принтскрин

Адем Чучуљ е фаворитот што Комисијата за избори и именувања ќе го предложи пред пратениците како нов претседател на Државната комисија за спречување корупција, откако во процесот на селекција ги доби највисоките оценки.

— реклама —

Селекциската комисија му додели 96,5 бодови – најмногу од сите пријавени – со што Чучуљ се пласираше на врвот на листата. Тој речиси две децении работи во Антикорупциската комисија и моментално ја извршува функцијата генерален секретар.

Комисијата за избори и именувања едногласно го поддржа неговото именување и ќе му го препорача на Собранието како кандидат за прв човек на ДКСК. Според најавите од законодавниот дом, гласањето за оваа точка ќе се одржи на пленарна седница во првата половина на декември.

— реклама —

Процедурата за избор на нов претседател започна уште летото, но беше паузирана поради локалните избори. Од вкупно 13 апликанти, 10 кандидати беа поканети на интервју, кои започнаа оваа недела.

Антикорупциската комисија добива нов претседател по оставката на Татјана Димитровска, која беше обвинета во случајот „Адитив“ за незаконско споделување службени информации и за фалсификување на сертификат за државна тајна. Според обвинението, таа пренесувала детали за предмет воден во ДКСК и дозволила друга личност да го полага електронскиот испит во нејзино име.

Собранието е задолжено да ја заокружи постапката и да го избере новиот претседател, со што ДКСК ќе добие ново раководство во период на зголемени очекувања за борба против корупцијата во државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn3dmcdvlvhr35zaj0DT

Одговорност, транспарентност, интегритет, новиот претседател на ДКСК ќе ја поправа оценката од ЕК

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp0gc607pc6tieDY6Ddm

СДСМ со порака до новиот претседател на ДКСК: „Постапете за корупцискиот случај од 9 милиони евра, фактите се на ваша маса“

Македонија | пред 1 седмица

media-library4tbhr2pht0au4E3qI2c

Адем Чучуљ е нов претседател на Антикорупциската комисија

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrhb6irvep40p8eGFCr8

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендери во вредност од 9 милиони евра

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања