Промени тема
Контакт

Чудно е како во претпријатија каде раководи ДУИ се распламтуваат пожари, вели Мицкоски за пожарот во Дрисла

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
mickoski-drisla

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата презема конкретни мерки за справување со пожарите на депониите Вардариште и Дрисла.

„Како Влада ги преземаме сите мерки. Да немате дилема. За Вардариште знаете дека имаме приведени и осомничени лица кои ја користеле илегалната депонија Вардариште која постои повеќе од неколку децении, на повеќе од 20 хектари. Од вчера има приватна агенција за обезбедување, здружено ангажирана од неколку општини. Обезбедивме градежна механизација која ќе биде во полн состав таму“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој се сомнева зошто пожари избувнувал во Дрисла, каде според него, раководи кадар на ДУИ.

„Дрисла останува. Таа беше вчера речиси санирана. На крајот од денот повторно се распламти. Денес ќе се погрижи за тоа МВР. Имав разговор со министерот. Очекувам денес-утре да биде санирано. Тоа што со децении не било санирано, сега ќе се обидеме да го санираме за неколку дена. Чудно е како во одредени јавни претпријатија каде свои кадри има ДУИ се случуваат вакви работи. Тоа ќе го истражиме и ќе обезбедиме докази, како е можно пожар кој беше речиси смирен, наеднаш да се распламти“, додава Мицкоски.

— реклама —

Најави и одговорност.

— реклама —

„Но и како по справувањето со пожарите, сега да се случува ова пред локалните избори.. вистинското прашање е кому сето ова му одговара. Но сега ќе се заминаваме со решавање на проблемот, а потоа сите виновници ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, додаде Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања