„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ЦУК: Обилните дождови донесоа излевања, одрони и поплавени објекти во повеќе региони низ земјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
134

Обилните врнежи во последните 24 часа предизвикаа пораст на водостоите на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за управување со кризи. Најавени се продолжени врнежи, грмежи и силен јужен ветер, а сите надлежни служби се ставени во зголемена готовност.

— реклама —

Според податоците од ЦУК, најкритична е состојбата во Битолско, каде реката Шемница се излеала кај селото Лера и поплавила куќа и штали. Во општина Новаци, пак, сообраќајот кон рудникот Брод–Гнеотино е во прекин поради надојдената вода од Црна Река.

Во Преспанскиот регион се евидентирани излевања на реки во селата Царев Двор и Дрмени, каде што се поплавени повеќе домови. Постојат индиции за можно излевање и на Голема Река.

— реклама —

Во Струмичко нема пријавени штети, но регистрирани се одрони на патот Струмица–Валандово. Слична состојба се бележи и во Велешко, каде на два патни правци има одрони и паднато дрво. Водостојот на Вардар во градот е значително зголемен, со потенцијална опасност за излевање кај автобуската станица.

Во Охридско, каде врнежите биле најобилни – со 66 литри на квадратен метар во Претор – водостоите се значително покачени. На повеќе локации има излевања, а екипи интервенираат во Косел, Опеница и околу течението на Сатеска и Скребатска Река. Забележано е и високо ниво на реката Сатеска.

Во Скопскиот регион коритата на реките се подигнати, но засега нема излевања. Кумановско, Кратовско и Тетовско поминуваат со зголемени нивоа на водотеци, но без значајни штети. На повеќе места се расчистуваат наноси и одрони.

Според УХМР, денес се очекува променливо облачно време со локални поројни врнежи, грмежи и јужен ветер што ќе достигнува над 60 километри на час. Дневните температури ќе се движат од 13 до 19 степени, а во Скопскиот регион до 17.

Надлежните институции се веќе активирани и работат на санирање на штетите и превенција од нови излевања. ЦУК апелира граѓаните да се држат подалеку од речни корита, мостови и поплавени површини, да ги следат препораките на службите и да пријават опасност на бесплатниот број 112.

Како што истакна директорот на ЦУК, Мухамед Али, сите засегнати служби се навремено известени и работат на заштита на населението и инфраструктурата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања