Во текот на изминатите 24 часа, заклучно со 08:00 часот на 20 јули, на територијата на државата се евидентирани вкупно 29 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, пет се активни, два се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати.
Најсериозни се пожарите во:
Желино, каде огнот се шири кон селото Еребино, зафаќајќи делови од планината Жеден;
Василево, село Нивичино – гори нискостеблеста шума и смрека;
Македонски Брод, село Грешница – опфатена е мешана шума и ниска вегетација;
Македонски Брод (реактивиран), помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа;
Прилеп, меѓу селата Царевиќ и Смолани – пожар во мешана шума.
Под контрола:
кај селото Слатина (Македонски Брод), и
меѓу селата Џидимирци – Крушје – Иванковци во Општина Велес.
Изгаснати пожари:
Изминатото деноноќие се изгаснати пожари на различни локации, меѓу кои:
скопските општини Студеничани, Бутел, Сарај и Кисела Вода,
депонии во Крушево, Демир Хисар и Брвеница,
повеќе рурални подрачја во Свети Николе, Штип, Кочани, Куманово, Липково, Тетово и Гостивар.