ЦУК: Работна средба со претставници од американски институт за одбрана и меѓународни студии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
1-cuk-usa-suk-rabotna-sredba-1

Денеска  во Центарот за управување со кризи, (ЦУК), в.д. директорот Стојанче Ангелов, имаше работна средба со претставници од Институтот за одбрана и меѓународни правни студии од Соединетите Американски Држави, што е континуитет на долгогодишната плодна заедничка соработка во областа на кризниот менаџмент и одбраната.

— реклама —

Ангелеов, изразувајќи голема благодарност за поддршката што ја добива ЦУК и нашата земја од САД, се осврна на потребите од експертска соработка токму во идно реформирање на делови и институции од Системот за управување со кризи, согласно стратешките современи искуства какви што се американските, а сепак адаптирани за нашата држава. Таа соработка претпочита и вклучување на кадри од ЦУК во програмите за обука организирани од страна на Институтот за одбрана и меѓународни правни студии од Соединетите Американски Држави коишто содржат курсеви и семинари од областа на управување со кризи.

— реклама —

Покрај претставниците на американскиот Институт, на работната средба беа и учествуваа во дискусијата и претставници од Канцеларијата за одбранбена соработка од Амбасадата на САД во РСМ и претставник од канцеларијата на Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам. Од страна на ЦУК учествуваа претставници на Секторот за меѓународна соработка и од Секторот за административна поддршка на директорот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања